Законот за работни односи оди на второ читање

– Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во прво читање и едногласно оценија дека е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање. Со овој Предлог-закон се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска образложи дека дека ова законско решение е наменето за работниците и додаде оти не сакаат да има отпуштање на работници. Посочи на подготовката на ова законско решение и на помошта од Сојузот на стопански комори, кој, како што рече, направи анкета кај своите членки и врз основа на таа анкета околу 70 отсто се изјасниле дека е прифатливо ова решение и дека треба како такво да се процесуира.
-Дополнително, на седниците на Економско социјалниот совет двата главни партнери, покрај нас, како предлагач, како министерство, Организацијата на работодавачи застана и го брани ова законско решение, се согласни во делот на надоместокот, рече Шахпаска.
Министерката Шахпаска посочи дека драстично ќе се промени сликата во градовите низ земјава, нема да работат супермаркетите, ништо нема да работи, освен големите молови. Нагласи дека ова решение е голема придобивка, не е избрзано затоа што, како што рече, се работеше низ една долга процедура, цели шест месеци, ја слушнавме јавноста.







