Скопјанец ранет од залутан куршум
МВР информираше дека синоќа во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, дека му била пружена лекарска помош на М.Ш. (29) од Скопје кој имал повреда во ногата од залутано зрно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.