Заев и Шилегов ги прошетаа Вучиќ и Рама по скопскиот кеј
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама, попладнево пристигнаа во Скопје во пресрет на утрешниот Економскиот форум за регионална соработка.
Вучиќ и Рама, како што објави премиерот Зоран Заев, попладнево прошетале по скопскиот кеј и разговарале со дел од граѓаните кои ги сретнале во центарот на Скопје. Домаќин во прошетката им бил градоначалникот Петре Шилегов.

„Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој за првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување. Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи“,вели Заев во објавата за пристигнувањето на гостите.
