Алармантна ституацијата со пожарот кај кочанско, стигнал до куќите

Пожар беснее во кочанскиот регион, поточно спроти фабриката за вода. Според информациите на Телма пожарот се шири и тешко може да се стави под контрола. Најмногу загрижува што пожарот се доближува до куќите од градот. Гори борова шума. Чад и пепел има низ цел град. Пожарот се доближува кон првите куќи во градот и се повеќе и повеќе се засилува.

Од Противпожарната единица во Кочани велат дека ситуацијата е сериозна побарале  помош и од пожарникарите од Виница и Штип.

 

ОД ЦУК, до министерството за одбрана било испратено барање за ангажман на хеликоптери, но од  хеликоптерската единица се информирани дека хеликиптерите е опасно да полетаат на вакви високи температури над 40 степени. Се очекува, температурата да се спушти за некој степен за хеликоптерите да полетаат кон кочанскиот регион.

извор: ТЕЛМА

Back to top button
Close