Новороденче и неговата мајка од Штип позитивни на коронавирусот

 Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот. Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале. Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.

Штип денеска во здравствениот билтен е со вкупно 15 новозразени, инаку станува збор за лица, кои се инфицирале по контактите со веќе активните случаи од конфекциите или другите познати кластери.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close