Филипче: Денеска има околу 1.000 новодијагностицирани, само 10 отсто од заразените и хоспитализираните се вакцинирани
Денеска има околу 1.000 новозаболени случаи од Ковид19, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче повторно потенцираше дека вакцинацијата е најдобар начин да се заштитат граѓаните од коронавирусот.
„Десет отсто од сите дијагностицирани случаи на ковид во земјава се вакцинирани, и исто така 10 отсто од хоспитализираните се исто така вакцинирани. Исто така забележано е дека во градиовите, како што е на пример Охрид, каде е висок процентот на вакцинација, е најмал бројот на хоспитализираните.






