(ВИДЕО) Пендаровски: Страшните слики од Авганистан не беа можни додека и нашите војници беа таму. Затоа ги одликувам со Орден за воени заслуги
Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.Со Орден за воени заслуги ja одликуваше Армијата на Република Македонија за професионалноста и за посветеноста на нејзините припадници, учесници во Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) и во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.
– Ужасните слики кои доаѓаат од таа земја последниве денови не беа можни додека нашите војници заедно со 130.000 мировници од 50 држави од светот беа таму. Затоа донесов одлука да ги одликувам со Орден за воени заслуги сите припадници на Армијата кои беа во мисијата во Авганистан во изминатите две децении. Нашите војници тоа го заслужија – рече претседателот Пендаровски.






