Вакцините помагаат, но изгледа недоволно за да се спречи бран.

Вакцините помагаат, но изгледа недоволно за да се спречи бран. Ова може да се види по земјите кои имаат над 70-80 проценти вакцинирано население.
Она што загрижува е што истите имаат над 90% вакцинирано адултна популација, а сепак нивните болнички капацитети имаат до 97% исполнетост, како и фактот дека доста од хоспитализираните имале и тешка клиничка слика, а и смртните случаи не заостануваат.
Дури и тоа да се полесни хоспитализации, тие сепак ќе го преплават болничкиот капацитет. Вакцинирани или не, никаде во светот не успеаа без рестрикции и соодветни заштитни мерки да спречат нов бран.
Но, еве и да се вакцинираме сите како што решил некој политичар и ќе бидеме сите заштитени од умирачка Ковид-19 и еве дури и да замислиме завршила пандемијата.
Што е со другите патогени организми?
Што кога утре нам или на идни генерации ќе ни се појави нов вирус, бактерија, патоген организам? Нешто адаптиравме?
Што е со полутантите воопшто во воздухот кој го дишеме секојдневно внатре по болници, училишта, судови, полициски станици, молови, фабрики, кино сали, театри, затворени простории.
Некако повеќе се грижиме за воздухот надвор отколку за внатре. Размислете колку време каде сте и каде дишете повеќе воздух.
Еднаш мора да се освестиме во кој век живееме и како можеме да се адаптираме кон условите.
Здравјето да се стави на прво место, ама не само декларативно. Човекот денес е повеќе на работа или во јавноста отколку дома.
Сите ние сме изложени на респираторни вируси преку воздухот кој го делиме со другите во затворени простории.
Вентилацијата е доста битна заштитна мерка која може да го намали ризикот од Ковид-19 и воопшто да го подобри квалитетот на воздухот во овие простории. Филтрите доаѓаат дополнително.
Во кола имаме филтри и редовно ги менуваме да не дишеме нели прашина, полен, микроорганизми… Колку време поминувате таму, колку ваму? Филтер за полен имате во кола, еј филтер за полен!
Сте слушнале за ХЕПА, МЕРВ, нешто дека постои за дома, на работа, во училишта .. Не нели. Никој не купува, никој не менува ..
Дома редовно отвараме прозорци и одржуваме комуникација во мал круг луѓе. И таму па постои ризик од некој шизик/а ..
Надвор од домот како сме?
Активностите и околината ви се многу битни во пандемија.
Носете ФФП2/Н95 за заштита од Делта, секогаш кога сте внатре во јавни (државни и приватни) затворени простории и при користење на заеднички транспорт. Бегајте што побрзо од затворени простории во кои споделувате воздух со други лица кои не се од вашиот дом, дури и да носите Н95.
Ни таа Н95 не е 100% заштита.
Во поново време слушам и како не смееме да се затвориме?
Создадете подобри услови и нема да се затвориме!!!
Во истите услови, што мислите дека ќе се случи? Со Делта?
А со следните мутанти што не ги дираат вакцините?
Па само од изолации ќе се создадат услови за распад систем. Вакцинираните нема да има потреба да се изолираат? Која глупост. Ако се асимптоматски или пресимптоматични преносители на заразата што правиме?
Колку ни е задржана одбраната кон останатите патогени кои до вчера сме ги “примале” во мали дози?
Маските го спуштија грипот, но тој едвај чека да спуштиме гард. Не сме малку време изолирани, и на тоа треба да се мисли, што потоа .., и со што доаѓаме пак до вентилација, филтрација на воздухот и останатите мерки за чист воздух во внатрешниот простор. Да живееме подолго во новото време, како и да избегнеме понатамошни бранови на САРС-КоВ-2 и нему слични ни се потребни адаптации, кои ќе осигураат безбеден, чист, здрав воздух пред се внатре, во затворените простории.
10






