Филипче: Делта-сојот е доминантен кај новозаразените

Делта-сојот е доминантен кај новозаразените, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој тука ја посочува последната анализа на Институтот за јавно здравје и МАНУ, според која кај две третини од примероците кои се секвенционирани е утврдена оваа варијанта.

Но според Филипче, без разлика за која варијанта се работи, решението се вакцините кои се еднакво ефикасни за сите соеви.

Во онос на згоемениот број починати од ковид последниве денови, тој вели дека се работи за лица со хроничи болести, посебно кардиоваскуларни и белодробни.

Филипче рече дека имаат и анализа од ИЈЗ за тоа колкав број од прележаните повторно се заразиле, но за да не погреши во некоја бројка, најави дека таа ќе биде споделена со медиуми наскоро.

Back to top button
Close