Од Ковид почина 24-годишно момче – се заразил на сопствената свадба?

24-годишно момче од Ресен кое пред два дена било донесено во многу тешка состојба во битолскиот ковид центар почина како последица на вирусот, објави ММС. Директорката на Клиничкиот центар во Битола за порталот потврдила дека момчето починало утрово и оти завчера било хоспитализирано во многу тешка состојба.

-Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

ММС повикувајќи се на свои извори јавува и дека момчето неодамна направило свадба и оти неговите блиски претпоставуаат дека токму таму се заразил од некој од гостите присутни на свадбата.

Back to top button
Close