Ахмети: Секојдневно добивам кобни вести од најблискиот круг. Длабоко сочувство до семејствата. Вакцинирајте се!

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и во исто време изрази искрено сочувство до семејствата на починатите од КОВИД19.

Ахмети во оваа прилика напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од месец мај оваа година бидејќи тоа е единствениот начин преку кој можеме да се справиме со овој смртоносен вирус КОВИД19.

Претседателот на ДУИ Ахмети, исто така рече дека веќе секој ден добиваме кобни вести и тоа од нашиот најблизок круг. Според него, само во последните 24 часа од неговиот круг, од КОВИД19 починал братот на неговиот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.

-Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус

COVID19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани.

Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат исто така.

Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна ВАКЦИНАЦИЈА и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.

Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети.

Back to top button
Close