Пристигнаа германските експерти кои ќе ја истражуваат трагедијата во тетовската болница

Тимот од германски експерти кои треба да ги истражат причините за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово денеска пристигнал во земјата, потврдија за МИА од Владата.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим-техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во пожарот што избувна пред една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close