494 новозаболени и 22 починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, од направени вкупно 3.425 тестирања, регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД19:

Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес  и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.

 

Во текот на изминатите 24 часа, МЗ објави црна ковид статистика. Вкупно 22 пријавени починати.

Во изминатото деноноќие починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 починати лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

 

Но и дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-144, Биотек-190, Систина-98, лабораторија Лаор-116, Синлаб-21, Ремедика-11, Плодност–29, Генеа-2, Никоб лаб-349, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-45, Ројал Медика –7,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.322.

Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

Back to top button
Close