Казнети 62 возачи поради непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека акциска контрола за престигнување е спроведена денеска од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово во рамките на која вкупно биле откриени 62 прекршоци од кои 28 на територија на Тетово и 34 на територија на Гостивар.

Сите прекршоци, како што се посочува, се санкционирани со адекватни поднесоци.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close