Стевчо Јакимовски прогласи победа во Карпош
Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ прогласи победа во Карпош, против неговиот противкандидат Душко Весковски од редовите на СДСМ.
Тој на прес-конференцијата на која прогласи победа истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против него, сепак успеал да издвојува победа.
Јакимовски пред четири години беше градоначалник на скопски Карпош, каде изгуби од Стефан Богоев.