Бугарските европратеници изразија сочувство со минута молк во Европскиот Парламент

Европратениците од Бугарија денеска изразија сочувство за жртвите и нивните блиски на страотната автобуска несреќа преку минута молк во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пратениците оваа недела заседаваат во Стразбур.

Бугарските пратеници од сите политички партии ја започнале седницата на бугарската делегација со една минута молк, соопштија тие за МИА.

Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи, од кои 12 деца. Минутата молк е одржана и за деветте жртви на пожар во старечки дом кој исто така се случи ноќеска и во кој загинаа девет лица.

-Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените жртви, стои во соопштението на бугарските европратеници. 

Back to top button
Close