Мицкоски: Соработник на Ахмети координира група на вооружени лица во Бутел и Чаир Вокабуларот на Мицковски е агенда на Путин му врати ДУИ

Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателскиот апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.

Вели дека тоа што имал да го каже во јавноста, го кажал.

„Дали МВР ќе постапува или не, ќе се обратите таму, рече Мицкоски на прашањето дали разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за таа информација

Од партијата велат „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за подбуцнувачкиот вокабулар на меѓуетничка омраза на Мицкоски една недела пред 8 мај, денот кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата длабока победа“.

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија. Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина“ стои во партиското соопштение.

Back to top button
Close