И оризот и јајцата на листата производи со замрзнати цени

Во листата на производи со замрзнати цени, покрај основните продукти, би се вовеле и оризот и јајцата, изјави Бектеши

Извесно проширување на листата на производи со „замрзнати“ цени најави министерот за економија Крешник Бектеши доколку се увиди дека цените во трговијата на мало и трговијата на големо се зголемиле во текот на ноември. Во листата на производи со замрзнати цени, покрај основните продукти, би се вовеле и оризот и јајцата, изјави Бектеши.

Тој најави дека на утрешната владина седница ќе ги разгледаат податоците од Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и големо и доколку е забележан пораст тогаш би се вовела проширената листа на продукти со замрзнати цени.

Бектеши појасни дека одлуката за замрзнување на цените не важи за денешните цени туку за цените што производите ги имале на први декември.

„Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали“, нагласи Бектеши за време на посетата на РЕК „Битола“ и додаде дека со владините одлуки се штити стандардот на граѓаните. 

Back to top button
Close