ТВ24: Тупанчески во Правда, Петровска во Одбрана, Грковска – вицепремиерка за борба со корупција

Професорот на Правен факултет, Никола Тупанчески ќе биде најверојатно изненадувањето на Димитар Ковачевски за нов министер за правда, пренесе ТВ24 повикувајќи се на висок партиски функционер од синоќешната партиска координација.

Според истиот функционер, во одбрана седнува пратеничката Славјанка Петровска, додека нова вицепремиерка за борба со корупција ќе биде поранешната пратеничка Славица Грковска.

Според телевизијата Бисера Костадиновска Стојчевска ќе биде нова министерка за култура.

Оливер Спасовски останува во МВР, Благој Бочварски во Транспорт и врски, Горан Милевски во Локална самоуправа, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Љупчо Николовски во Земјоделство.

Овој состав треба вечерва да добие зелено светло и од Извршниот и од Централниот одбор во СДСМ. Планот е утре составот заедно со програмата да влезе во Собрание.

Новата влада би требало да се гласа следниов викенд.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close