Филипче: Во Србија тргна армагедонот, се распаѓа балканскиот картел

Во Србија тргна армагедонот, се распаѓа балканскиот картел, балканската мафија, тргна од Орбан, Вучиќ, следен е Христијан Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека настаните во Србија се потврда на предупредувањата што СДСМ ги упатува речиси една година, за влијанието на „српскиот свет” и неговото поврзување со власта на ВМРО.

„Во Србија тргна армагедонот. Се распаѓа балканскиот картел. Се распаѓа балканската мафија. Тргна од Орбан, Вучиќ падна, следен е Христијан Мицкоски. Ова што се случува во Србија е нешто на што ние укажуваме веќе скоро една година наназад. Ова што се случува во Србија како и влијанието тука кај нас во Македонија е нешто на што укажуваат и европските институции и претседателката на Комисијата Фон дер Лајен, дека тука има влијание на српскиот свет”, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ со месеци предупредува за сомнителното работење на Алта банка, за која, според медиумски и политички извори, постојат индиции дека е поврзана со криминално стекнати пари, корупција, кражба на пари од граѓаните и шверц на дрога.

„И сега тоа на што укажуваме изминатите месеци Алта банка, којашто и според извори на медиуми и наши политички комуникации во Србија беше банка поврзана со криминално стекнати пари од криминал, од корупција, украдени пари од граѓаните, пари кои што потекнуваат од трансфер и шверц на дрога. И вчера таа банка, откако само неколку часа претходно Народната банка на Србија кажа дека сè е во ред, вечерта после полноќ ѝ ја одзеде лиценцата за работа”, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ појасни дека влијанието на „српскиот свет” не треба да се меша со српскиот народ, туку дека станува збор за политички и криминални структури кои се поврзуваат со власта на ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски.

„И кога ќе прашате што е српскиот свет, српскиот свет не е братскиот српски народ. Српскиот свет е оваа мафија којашто сега граѓаните и институциите во Србија ја демонтираат, а кај нас се пренесе како директно влијание од СНС на ВМРО и на Христијан Мицкоски. Со човек како Стоилковиќ во Владата, човек кој што ги промовира проектите со кинески пари кај нас, а за што премиерот не реагира”, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски не реагира ниту на изјавите и постапките со кои се доведува во прашање македонскиот суверенитет, ниту на влијанието преку медиуми кои работат со нелегални дозволи во земјава.

„Човекот кој што кажува и поддржува луѓе кои што кажуваат дека ова е српска земја, на што исто така премиерот Христијан Мицкоски не реагира. Понатаму, влијанието и влезот на медиумите како Арена, Евроњуз. Медиуми кои што имаат нелегални дозволи кај нас затоа што тука продуцираат програма, а се регистрирани како странски, додека во Србија не се никако регистрирани, на што исто така укажувавмеПонатаму, патот на дрогата, шверцот на марихуана, за што допрва ќе се размотка клопчето во Србија, па ќе се дознаат сите работи. Поврзаноста на премиерот со новоназначениот од пред неколку месеци конзул Адамовиќ, за кој што во Собрание премиерот не одговори од каде го познава, а многу добро го познава, човек поврзан со мафијата во Србија”, рече Филипче.

Back to top button
Close