Со гаранција од 200.000 евра кеш, акции од “Орка Холдинг“ и објекти и пасишта, Камчев ја доби слободата

Бизнисменот Орце Камчев веќе една недела е на слобода, откако Апелација му го укина притворот и му ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра.

Според решението од Апелација, на кое се повикува „Фокус“, за ова прашање одлучувале тројца судии и тоа Лирие Елези АјрулауЗоран Димитриевски и Енвер Беџети. Непознато е кој од судиите како гласал, бидејќи тоа е тајна, но она што е јасно е дека двајца од тројцата судии морале да кренат рака  „ЗА“, односно за укинување на притворот.

Гаранцијата, која прецизно изнесува 10.996.453 евра, се состои од подвижен и недвижен имот. Во подвижниот имот се заложени 200.000 евра во кеш, но и хартии од вредност, односно акции во сопственост на Орка Холдинг.

-Хартии од вредност-обични акции во сопственост на „Орка Холдинг“ издадени од Стопанска банка АД Битола и Хартии од вредност-обични акции во сопственост на „Орка Холдинг“ издадени од ЗК Пелагонија АД Битола, со вкупна вреддност од 2.270.724 евра, се наведува во решението на Апелација.

Останатата гаранција е во вид на недвижен имот , повеќето заведен како објакти за лесна и незагадувачка индустрија. Дел од објектите се наоѓаат во Демир Хисар, како и неколку земјишта под згради, во вредност од 1,4 илиони евра, а во сопственост на „Кара“.

повеќе

Back to top button
Close