И Кацарска реагира на спотовите на ВМРО-ДПМНЕ: Мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ…

Судијката Добрила Кацарска, реагираше на спотовите во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, каде се споменува нејзиното име и смета дека партијата го злоупотребува нејзиното името.

Во изјава за порталот „Фактор“ таа потенцира дека партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и својата кандидатура, а со оглед дека таа не е кандидат за пратеник, смета дека Христијан Мицкоски и неговата партија ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници.

-Посебно овде би нагласила дека мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ… Со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупцијата, па можеби тој како кандидат за премиер, пушта јасна порака дека ќе го штити криминалот и корупцијата – вели Кацарска во цел од изјавата за „Фактор“.

Back to top button
Close