Средба Ковачевски – Вилсон на маргините на Минхенска безбедносна конференција

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Минхенска безбедносна конференција остварил средба со претседателот и извршен директор на Националната фондација за демократија, Дејмон Вилсон, на која, како што напиша на Фејсбук, разговарале за важноста на демократските процеси и нивното влијание за европеизацијата на нашето општество.
-Ме радува фактот што оваа угледна фондација, која е најголемата американска фондација за промоција на демократија низ светот и понатаму ќе се застапува за Северна Македонија во нашите аспирации за членство во ЕУ. Нивната поддршка во процесот на пристапување кон НАТО ја препознавме како исклучително важна, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Во разговорот меѓу другото, како што пишува премиерот Ковачевски, Вилсон се заблагодарил за нашата несебична поддршка за граѓаните на Авганистан во трансферот кон дестинациите кои ќе се нивен нов дом.

Back to top button
Close