Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести: Учениците ќе продолжат да носат маски
Интересот на граѓаните да се вакцинираат со прва, втора или трета доза вакцина не е зголемен на посакуваното ниво и покрај напорите на Министерството за здравство да го зголеми вакциналниот опфат преку испраќање на СМС пораки за ризичните групи граѓани и оние кои имаат повеќе коморбидитети со точен термин и пункт за вакцинација.
Како што пренесе Слободен печат повикувајќи се наизвори од Комисијата за заразни болести, тоа е причината поради која маските за учениците во училиштата нема да паднат додека не се постигне солиден вакцинален опфат.
-Македонија би била првата земја во светот што би ги укинала маските на само 41 процент вакцинирано население и таков ризичен потег не доаѓа предвид. После денешната седница на Комисијата за заразни болести не беа донесени нови мерки и препораки откако е увидено дека интересот за вакцинација не се зголемува – пишува порталот.
…