Заврши медицинското вештачење за Јалдз Веапоска, испратено е до обвинителството во Струга

Завршено е медицинското вештачење за родилката од Дебар Јалдз Веапоска на која и беа извадени матката, јајникот и бубрегот по извршен царски рез на гинекологија во струшката болница, пренесе СП.

Веапоска поднесе кривична пријава против шест лекари од струшката болница по што Јавното обвинителство побара од судските вештаци да одговорат на прашањата дали осомничените постапиле соодветно во нејзиниот третман кога ја породувале со царски рез.

Како што потврдуваат за Слободен печат и од Обвинителството и од Судска медицина, вештачењето е направено на Институтот за судска медицина во Скопје, и истото е доставено до Основното јавно обвинителство Струга, меѓутоа засега нема никаква одлука. Со оглед на тоа што станува збор за предистражна постапка, ниту од обвинителството, ниту од Судска медицина не кажуваат што содржи вештачењето.

повеќе

Back to top button
Close