Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата под 106 долари

Цените на нафтата паднаа под 106 долари за барел денеска поради знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина што би можеле да ги олеснат проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за контрола на Ковид-19.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше пониска за 6,51 долар во однос на претходното затворање и изнесуваше 105,97 долари. На американскиот пазар денеска се тргуваше за 99,55 долари – 6,41 долари пониско за барел.

Трговците вчера беа загрижени за строгите мерки за сузбивање на Ковид-19 во Шангај, што ја погоди побарувачката за гориво во Кина, најголемиот увозник во светот. На Шангај отпаѓа околу четири отсто од потрошувачката на нафта во Кина, објаснуваат аналитичарите на ANZ Research.

Back to top button
Close