Захарова: С. Македонија продолжува да ја следи русофобијата на Западот, ќе има реципрочни мерки

Протерувањето на шестмина руски дипломати од Македонија негативно ќе се одрази на односите меѓу двете земји, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Реакцијата доаѓа откако македонските власти решија да прогласат за непожелни уште шестмина руски дипломатски претставници од земајва.

„Властите на Македонија продолжуваат да ја следат русофобијата на Западот и ја уништуваат спиралата на билатералните односи“, се вели во соопштението на руското МНР, кое го пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Во соопштението, се наведува и дека новата „провокација против руски дипломати“ секако ќе предизвика негативни последици во односите меѓу Русија и Македонија.

Захарова додава дека Русија ќе преземе реципрочни мерки кон Македонија.

 

 

Back to top button
Close