Јотова: Во оваа фаза не гледам причини за укинување на ветото кон С Македонија

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, не гледа причини во оваа фаза да биде укинато ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија, изјави таа во интервју за бугарска телевизија, пренесуваат бугарските медиуми.

Таа истакна зборувајќи за билатералниот спор меѓу двете земји, истакнала и дека Бугарија одамна ги поставила условите според кои доколку се исполнат, ќе биде укинато и ветото.

„Бугарија има пет услови за Северна Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Република Северна Македонија – изјави Јотова.

Покрај ова, Јотова истакнала и дека не може да биде признат ниту пописот, според кој во Северна Македонија се попишани 3 500 Бугари, а како што тврди таа, Бугарија располага со податоци според кои од 2007 година па наваму издадени се 85 000 бугарски државјанства на македонски државјани.

– Во оваа етапа не гледам никаква основа пописот да биде признат – рече Јотова.

 

 

Back to top button
Close