Миле Зечевиќ со авион го донесе Благодатниот оган од Ерусалим

Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДСМ, со спортски воздухоплов, пилотирајќи го донесе Благодатниот оган од Ерусалим и му го предаде на МПЦ-ОА пред големиот христијански празник Велигден.

Благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија, а вториот пилот кој управувал со спортскиот авион на Аеро клубот Скопје е Дејан Саздов.

Во подготовките за протоколот учествуваа две министерства и тоа, за одбрана и Министерството за надворешни работи, а пак кога станува збор за горивото за летање на спорткото летало, било приватна донација.

 

Back to top button
Close