Уставните судии на дневен ред на Комисијата за именување
Уставниот суд во моментов функционира со само пет судии, а треба да има вкупно девет.
Предлози за нови уставни судии се Љубомир Јовески, Саво Климовски, Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов, Весна Јовановска и Војислав Димовски.
Биографиите на предложените судии им беа доставени на пратениците уште на 18-ти мај и останува нејасно зошто беше потребно да помине толку време за и официјално точката да се најде на дневен ред и да се свика Комисијата.
Инаку, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска завчера имаше состаноци со целиот државен врв: од претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски до претседателот на Собранието, Талат Џафери, па свикувањето на Комисијата доаѓа веднаш по овие средби.