Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Во интервју за Дарик радио тој вели дека по прашањето на РСМ се води двојна политика. Од една страна тоа е МНР на чие чело е Теодора Генчовска од неговата партија и од друга страна е премиерот Кирил Петков кој, како што рече, ги слуша советите на други луѓе кои „ја дуплираат“ министерката за надворешни работи.
„Додека Македонија не ги стави Бугарите во Уставот и не го исполни Договорот од 2017 година, ако зависи од мене, нема да ги започнат преговорите за влез во ЕУ. Тоа не е популизам – додаде Трифонов.
Во врска со повлекувањето на неговите министри, Трифонов рече дека направил избор помеѓу лошо и помалку лошо.
Тој додаде дека најголемиот компромис направен од ИТН е да формира коалиција со БСП и дека вложил многу труд да го помине тоа во партијата.
„Овие луѓе не се подготвени да водат земја. Мислам дека треба да се држат настрана од власта – рече лидерот на ИТН за другите коалициски партии.
Тој рече дека Продолжуваме со промената потсетува на однесувањето на ГЕРБ.
Трифонов пред една недела најави повлекување на министрите од владата.
Половина час откако Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков на прес-конференција соопшти дека ќе прави малцинска влада наместо, како што рече, да биде уценуван.