Мицкоски гарантира: 100 посто нема да имаме нов Крсто или Нола



Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека тој гарантира дека во случај на гласање за уставни измени со барањата на Бугарија, никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа „за“, како што тоа се случи за уставните измени за промена на името.

-Еве јас 100 посто ви гарантирам дека никој од оваа гарнитура на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа „за“. Нема да имаме нов Крсто или Нола. А, ако сепак тоа се случи, јас ќе треба да си понесам одговорност, рече Мицкоски.

Back to top button
Close