ВИДЕО| Андоновиќ: Макрон во обид да договори ново парламентарно мнозинство – левичарите му најавуваат гласање недоверба

По губењето на апсолутното мнозинство во Парламентот на завчерашните парламентарни избори фрнацускиот претседател Емануел Макрон започна преговори со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на Франција”.

Емануел МакронЕмануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Според извор во Елисејската палата, како што пренесуваат тамошни медиуми, „претседателот на Републиката е одлучен да дејствува во интерес на Французите”.

франција избори EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Републиканците и левичарското движење Нупес веќе позитивно одговориле на повикот на Макрон. Сепак дополнителен проблем за Макрон преставува и најавата на Француската левичарска коалиција „Нупес“ која најави дека планира на 5 јули да поднесе барање за недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Коалицијата на Макрон не успеа да ги освои потребните 289 пратенички места од вкупно 577 за да го задржи апсолутното мнозинство. Коалицијата по вториот круг на парламентарните избори, одржани во неделата, доби 245 пратеници. Левиот блок Нупес ќе има најмалку 150 претставници. По нив следуваат екстремно десничарскиот Национален собир со историски резултат од 89 места, а по нив се Републиканците.

Франција избори EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француските медиуми посочуваат дека Макрон ќе бара сојуз или со конзервативните републиканци или ќе предводи малцинска влада која ќе мора за законите да преговара со другите партии од случај до случај.

Нупес, по завчерашните парламентарни избори, стана втора по големина политичка групација во Долниот дом на парламентот, но нема доволно гласови за да ја усвои иницијативата за недоверба и има малку сојузници во многу фрагментираниот парламент.

Франција избори/ Фото Magali Cohen / AFP / Profimedia

Судејќи според изјавите на Жан Лук Меланшон и Марин Ле Пен, нивна соработката не е можна.

Токму поради нивната нетрпеливост најверојатно Макрон ќе успее да направи мнозинство, но тоа со сигурност нема да биде стабилно.

 

Back to top button
Close