Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски
Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија”, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 66 годишнината од неговото раѓање.

– Да не се случеше злокобната авионска несреќа на 26 февруари 2004 година, денеска Трајковски ќе го прославеше својот 66 роденден. За жал, чествувајќи го неговото име и дело, веќе цели 18 години овој ден го одбележуваме ние-неговите сограѓани, кажувајќи му на светов и веков дека за претседателот Трајковски заборав не смее да има. Напротив, постојано го оживуваме неговиот светол лик, затоа што тој заслужи да го споменуваме со сите негови белези на човек и политичар, а истовремено тие спомени да ги пренесуваме на сегашните млади генерации, но и на оние кои доаѓаат по нив, рече во својот говор градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството