Исплатени 1,3 милијаради денари субвенции за 17.000 тутунари, се грижиме за земјоделците
Прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ
Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство.
Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП.
Дополнително, со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза.
Во период кога сите држави се трудат да го зголемат своето земјоделско производство, земјоделците не смеат да бидат предмет на блокади и политички игри како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со измените на Законот за земјоделство и рурален развој.
Тоа ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ преку секакви средства ја блокираат државата, притоа директно нанесувајќи шетета на земјоделците.
Од друга страна, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство водат грижа и даваат поддршка за сите земјоделци.