Девојче и нејзината мајка тешко повредени во гранатирањето на Киев
Едно 7-годишно девојче и нејзината мајка се потешко повредени во утринскиот ракетен напад во главниот град на Украина Киев. Спасувачките екипи засега евакуирале 25 лица, а има и четворица повредени, јавува специјалната известувачка на Слободен печат и Утрински брифинг Кристина Атовска од Киев.
Експлозиите се случиле околу 6:30 часот по локално време половина час откако се огласиле сирените за воздушен напад во главниот град.
Неколку експлозии се регистрирани денеска наутро во украинскиот главен град Киев, по што итните служби се распоредени во градската област Шевченко… Во две згради во тек е спасување и евакуација на ителите, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм