Драги: Путин нема физички да присуствува на Самитот на Г-20 во Индонезија

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека индонезиските власти ја отфрлиле можноста рускиот претседател Владимир Путин физички да присуствува на самитот на Г20 на Бали на 15 и 16 ноември.

– Што се однесува до учеството на претседателот Путин на средбата на Г-20, индонезискиот претседател (Јоко Видодо) категорично ја отфрли, (рускиот претседател) нема да дојде, рече Драги на прес-конференција на крајот од самитот на Г7 во Германија. Сепак, тој не ја исклучи можноста рускиот лидер да зборува преку видео врска. Путин учествуваше во сличен формат на две сесии на самитот на Г-20 во Рим минатиот октомври.

Вчера, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави пред новинарите дека Путин ја примил поканата на Индонезија да присуствува на самитот на Г20. Сепак, Ушаков не можеше со сигурност да каже дали Путин физички ќе присуствува на Самитот или преку видео врска.

Back to top button
Close