Омбудсманот го проверува постапувањето на припадниците на српското МВР во вчерашниот протест

Српскиот народен правобранител, денеска почна со набудување на работата на членовите на МВР врз основа на информациите во медиумите во кои се гледаат постапки на прекумерно употребена сила од страна на полициските сили за време на протестите пред, околу о во парламентот.

За да се утврдат сите факти и околности што се случија синоќа, претставниците на стручната служба на Омбудсманот планираат ненајавена посета на белградската Полициска управа со цел да разговараат со сите ноќеска приведени лица.

Претставници на стручната служба разговараат и со надлежните и се запознаваат со документацијата поврзана со сите факти и околности од ноќта меѓу 7 и 8 јули, а ќе присуствуваат и на денешните судења во белградскиот Суд за прекршоци, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Тие, исто така, изјавуваат дека ќе ја следат здравствената состојба на сите повредени.

Омбудмансот во своето соопштение додава дека Националниот механизам за спречување тортура и неговото Одделение за итен третман ќе ги следат од лице место сите постапки на полицијата на слични настани и директно ќе ги евидентираат сите незаконитости во нивната работа.

Заштитникот на граѓаните ги повика членовите на МВР да ги користат полициските овластувања и присилни мерки на начин што ќе обезбеди неповредливост на менталниот и физичкиот интегритет и да ги преземат сите расположиви мерки за да спречат појава на насилство.

Осудувајќи ги сите форми на насилство, Омбуцманот апелираше до граѓаните, учесниците на митинзите и протестите да ги искажат своите ставови на мирен и достоинствен начин, без конфликт и уништување на имотот.

Back to top button
Close