Петнаесет возила исклучени, подготвувале диви трки на автопатот Тетово-Скопје

Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито” во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи.

Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

Back to top button
Close