Дете било повредено во приватна градинка, а родителите не биле известени
Пред неколку дена, дете кое одело во приватна градинка во Скопје, било повредено, но за тоа не биле известени родителите.
-На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.
Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.
Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.