Да не го давиме Белград: Режимот манипулира со оправданиот гнев на луѓето

– Иницијативата „Да не го давиме Белград“ оцени дека синоќешните настани во Белград биле „добро режирана претстава на режимот со цел луѓето да се вовлечат во конфликти и незадоволството на граѓаните како да се прикаже како насилно“.

Од иницијатива оценија дека граѓаните биле „оправдано лути“ и дека „режимот се обидел да манипулира со тој гнев со вметнување на свои провокатори“.

– Многу пати сме биле сведоци на манипулации на Српската напредна партија (СНС) на протести и бидете сигурни дека синоќешниот хаос е предизвикан од провокатори. Се надеваме дека денес на сите им е јасно колку е длабока узурпацијата на нашето општество од овој криминален режим на СНС, се вели во соопштението. јт/

Back to top button
Close