Османи: Договорот со Бугарија не може да се поништи!


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во гостувањето во ТВ Сител говореше за Договорот со Бугарија и со Грција, притоа потенцирајќи дека не можат да бидат предмет на промена или бришење.

„Референдум за Договорот со Бугарија не може да има. Тој само ја префрлува обврската на граѓаните. Со референдум за Договорот со добрососедство, се руши и Охридскиот договор. Тоа покренува лавина. Тој е меѓународен договор и не може да биде поништен, ниту треба да има. Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се трите столбови на Македонија. Не можете да ги тргнете“, вели Османи.

Back to top button
Close