Зеленски вети заштита за руските војници кои ќе се прададат

epa10091405 Ukrainian President Volodymyr Zelensky speaks during the joint press conference with Guatemalan President Alejandro Giammattei after their meeting at Mariinsky palace in Kyiv (Kiev), Ukraine, 25 July 2022. Alejandro Giammattei arrived in Kyiv and met with President Zelensky and top Ukrainian officials amid the Russian invasion. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата им вети на руските војници дека ќе ги заштити ако се предадат.

Тој им вети три работи на оние што ќе се предадат, односно на сите кои ќе се предадат ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право.

Зеленски им вети на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Како и дека затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат.

Тој во своето обраќањ е рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт.

– Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид, истакна Зеленски.

Откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела нареди мобилизација, ширум Русија се одржуваат протести. Тој вчера го потпиша и новиот Закон, кој предвидува казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили

Back to top button
Close