Славевски објасни зошто во ЈСП не добиле плати утринава. Советниците сношти биле во длабок сон
Претседавачот со Советот на Градот Скопје, Трајко Славевски денеска рече дека советниците вчера околу 21 часот биле во длабок сон и затоа седницата која се одржа денеска не можела да се одржи вчера вечер.
Госпоѓата што седи од мојата лева страна, раководител на секторот за поддршка на Совет, ми прати порака преку апликацијата Viber, во 22.53 дека има сигнал дека е подготвена одлука за прераспределба на средства.
Јас со полузатворени очи, нели после долгиот ден, веднаш ѝ пишав дека очекувам барем во електронска форма да го добиеме предлогот на одлуката.
Во истиот момент имаме група на истат апликација со 10-11 членови на совет координатори на советничките групи. Ги известив за ова и претпоставувам дека некои од нив веќе биле во длабок сон, неколку се приклучија во дискусијата и договоривме оптимален час за одржување на седницата тоа е 13 часот, рече Славевски во обраќањето на денешната вонредна седница на Град Скопје.