(ВИДЕО) Насилни судири и стотици повредени: Средношколските протести ја блокираа Франција

Стотици средни училишта низ Франција и натаму се блокирани, додека протестите што почнаа со барања за подобри услови во образованието прераснаа во насилни инциденти во повеќе делови од земјата. Во судирите се повредени вработени во образованието, ученици и полицајци, а има и голем број приведени.
FRANCE IS ON FIRE: Police are OUTMANNED. Rioters are looting, torching buses, and lighting SCHOOLS on fire.
400 high schools shut down. Over 300 injured. 3,000 arrests — MOST OF THEM TEENS.
A bystander in France had her FACE SEARED after a rioter used an aerosol can like a… pic.twitter.com/0JSexixJBj
— Mr Producer (@RichSementa) October 3, 2026
Стотици средни училишта низ Франција остануваат блокирани, откако средношколските протести, кои започнаа како израз на незадоволство од условите во образованието, ескалираа во насилство. Во повеќе делови од земјата, вклучително и во Париз, се регистрирани пожари, уништување имот и судири со полицијата.
Повредени се најмалку 65 вработени во образованието, меѓу кои и 40 директори на училишта, како и 170 ученици. Дел од средношколците се оградуваат од насилството и тврдат дека немирите ги предизвикуваат лица кои не се дел од нивните училишта. „Овде има млади луѓе кои не учат во нашето училиште или не се од нашето соседство. Доаѓаат со петарди. Воопшто не го сакаме тоа. Ние само сакаме да протестираме за нашите права и за нашата иднина. Тие само не саботираат“, вели една ученичка.
Истата порака ја повторуваат и други учесници, кои предупредуваат дека насилството ја поткопува суштината на протестот. „Свесна сум дека насилството се случува и во другите средни училишта. Тоа не е она што го сакаме. Насилството нема да ни помогне на нашата кауза. Нема да не слушаат ако почнеме да правиме нереди. Напротив, сакаме да бидеме слушнати“, се наведува во сведочење од протестите.
Францускиот министер за внатрешни работи обвини дека крајната левица ги охрабрила средношколците да ги блокираат училиштата и мобилизирала групи, вклучително и студентски здруженија, за да предизвикуваат немири. Според него, насилство имало „пред или во близина на 158 училишта“, при што биле фрлани петарди кон полицајци, наставници, новинари и минувачи. „Безбедносните сили интервенираа да се стави крај на ова насилство. Такви се упатствата што ги давам. Не постои друг начин на дејствување“, изјавил министерот.
Француското Министерство за внатрешни работи соопштило дека само во петокот биле приведени 1.747 лица. Во еден ден, откако почнале протестите, биле повредени и 305 полицајци. Од друга страна, синдикатите и дел од учесниците на протестите го критикуваат постапувањето на полицијата и предупредуваат на случај во кој биле повредени малолетници.
Извор: fokus.mk






