Фокус: Катанец на вратата од која во кабинетот влегува претседавачот на советот Славевски
Покрај сите случувања во последниот период во Град Скопје, нов скандал го тресе Советот со кој управува Трајко Славески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Фокус“.

Според нашите информации, просториите на претседателот на Советот на Град Скопје се сместени во барака 1, која се наоѓа на спротивната страна од барака 16, каде се одржуваат седниците.
Нашите извори, исто така тврдат дека за влез во комплексот бараки има уште неколку влеза. Еден што е непосредно до барака 1, каде што е канцеларијата на Славески, а клуч од таа врата имаат само возачот и техничката секретарка.
Но, пред два дена на еден од влезовите е поставен синџир со катанец, со што дури и на претседателот на Советот му е забранет тој влез, па и тој мора да се најавува како сите гости кои доаѓаат во посета кај него.
„Фокус“ го контактираше претседателот на Советот, Славески кој ни ги потврди информациите, тврдејќи дека тој сега е како гостин и има можност да влегува само преку главниот влез.
„Ова не е некој посебен проблем за мене, но е повторно обид за понижување на функцијата претседател на Советот.
Затоа, што јас почитувам институции, утрово точно во 9:00 часот кога стигнав на главната капија си пополнив образец што го подигнуваат сите гости (ова е новина од скоро), каде треба да наведете кај кого одите и при излез треба да го вратите образецот потпишан од содветниот „орган“, тврди Славески.
..






