Левица со 1.300 амандмани ќе спречувале власта да ги корумпирала медиумите
Поради 1.300 амандмани поднесени од пратениците на Левица, беше одложена е собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа и за предлог законот за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиуми
![Крмов вели дека имаат одличен превен тим на чело со Апасиев](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2022/10/Krmov-veli-deka-imaat-odlichen-preven-tim-na-chelo-so-Apasiev-1170x780.jpg)
Поради 1.300 амандмани поднесени од пратениците на Левица, беше одложена е собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа и за предлог законот за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиуми.
Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист!
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите, се вели соопштението на партијата.