СДСМ-Хаосот во Скопје е во режија на Мицковски. Нема провизии,ги нема ветените нови автобуси
Од владејчката СДСМ, пак, преку писмено соопштение, тврдат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е тој што што ги поттикнува блокадите на приватните превозници.
„Откако меѓусебно се обвинуваа за рацете во медот, откако се испокараа за провизии сега Мицкоски и се реваншира на Данела Арсовска. Лично Мицкоски најавуваше 100 автобуси за Град Скопје во име на Арсовска. Денес ги нема ниту автобусите, ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше. Штетата од сето ова ја плаќаат граѓаните кои утрово се разбудија во блокиран град и без јавен превоз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат нова катастрофа на Скопје“,стои во соопштението на СДСМ.
Хаосот, како што велат од владејачката партија, што овој период му се случува на Град Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт и ја има одговорноста за она што му се случува денеска на Скопје.
„Кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Градот, вкучително и во Јавното сообраќајно претпријатие. Тие ја имаат одговорноста за се она што му се случува денеска на Скопје. Шпицниот градоначалник Мицкоски, мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ членовите на управните и надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град, што граѓаните се без јавен превоз. По `Скопје 2014` ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на Скопје, Мицкоски и неговите кадри се најголемото разочарување за скопјани“,
велат од СДСМ.