Воз удри автомобил кај велешката населба Превалец, во несреќата нема повредени


Патнички воз утрово удрил во автомобил кај велешката населба Превалец, во несреќата нема повредени лица, соопшти МВР.

-Во СВР Велес било пријавено дека утрово околу 08:45 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес – Извор, кај населба Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56 годишниот Г.М. од Велес и патнички воз управуван од 32 – годишниот М.А.од Скопје. Во несреќата повредени лица нема, информираат попладнево од СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, а во времето од 08:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор бил во прекин.

Back to top button
Close