СДСМ: Уште сега Мицкоски се заканува со влечење по улици
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија со насилничка и режимска матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата, а се грижеше само за тендери и провизии, велат од владејачката СДСМ.
Според СДСМ, кавгите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија шокантни, скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови.